ДУИ: Понижувањето на албанските административни службеници продолжува

Премиерот сѐ уште нема побарано извинување за неоснованите и навредливи обвинувања што јавно ги упати кон албанските службеници во Министерството за меѓуетнички односи, со што ги навреди не само нив, туку и нивните семејства, велат од ДУИ.

Премиерот сѐ уште нема побарано извинување за неоснованите и навредливи обвинувања што јавно ги упати кон албанските службеници во Министерството за меѓуетнички односи, со што ги навреди не само нив, туку и нивните семејства, велат од ДУИ.

„Со своите изјави, тој упати клевети без никакви факти, без докази и без никаква одговорност, насочувајќи обвинувања кон жени и мажи кои прво беа понижени со нечовечки услови за работа, а потоа беа претворени во објект на јавен линч.

Во исто време, надлежниот министер Стоилковиќ сè уште нема поднесено оставка, иако под негово раководство беа создадени деградирачки услови за работа и беше дозволена неприфатлива практика на институционален мобинг и етничка дискриминација.

Недостигот од оставка и недостигот од извинување не се случајност. Тие се доказ за владеење што не познава политичка одговорност и што го смета понижувањето на албанските вработени за прашање од втор ред.

Во меѓувреме, ВЛЕН живее во паралелен универзум, потонати во дебати за годишни ротации на лидерството и пазарења за уредување на сопствените фотелји, како ништо да не се случува во државните институции.

Додека тие се занимаваат со „аквариумот“ на ротациите, албанските службеници се исклучуваат, понижуваат и етикетираат во државната администрација – без заштита, без достоинство и без глас“, велат од ДУИ.