СДСМ достави барање до партиските органи за исклучување на Јован Деспотовски од партијата

„Јован Деспотовски, член на СДСМ, дејствува како петтоколонаш, предавник одвнатре, во договор со членови на ВМРО-ЗНАМ, кои со заеднички сили се обидуваат да ја дестабилизираат партијата преку медиумска кампања, обидувајќи се да го ослабат СДСМ – токму во моментот на подем на партијата“, соопштија денеска од СДСМ и наведоа дека доставиле барање до Централниот одбор на партијата за негово исклучување од неа.

„Јован Деспотовски, член на СДСМ, дејствува како петтоколонаш, предавник одвнатре, во договор со членови на ВМРО-ЗНАМ, кои со заеднички сили се обидуваат да ја дестабилизираат партијата преку медиумска кампања, обидувајќи се да го ослабат СДСМ – токму во моментот на подем на партијата“, соопштија денеска од СДСМ и наведоа дека доставиле барање до Централниот одбор на партијата за негово исклучување од неа.

„Целата акција е спроведена поради вртоглавиот пад на поддршката од граѓаните за коалицијата ВМРО-ЗНАМ, откако на виделина излегоа тајните планови за „мигранти за пари“, изолацијата на Македонија и криминалните активности што ги објави нашиот партиски АКТ. Акцијата е дури и координирана и финансирана од СНС и Вучиќ, со цел да се заштитат нивните бизнис-зделки со Христијан Мицкоски и неговата избрана банда. Ова е докажано преку координирани текстови во медиумите, каде што коалицијата ВМРО-ЗНАМ секојдневно ги засилува нападите врз СДСМ и се обидува да ја урива од внатре“, наведуваат од СДСМ.

Оттаму потсетуваат дека Јован Деспотовски беше противкандидат на актуелниот претседател Фиипче и загубил на внатрепартиските избори, а сега, како што се наведува во соопштението, „од лични и финансиски интереси, ја урива партијата одвнатре, соработувајќи со сили што претставуваат современ еквивалент на фашистичките окупатори“.

„Соработката со Геро само еден пример. Овој „новинар“ за себе вели дека е „алфа анти-СДСМ“ и со тоа се фали во своите текстови. За партијата, за сегашни и поранешните функционери пишува навреди, дури вели: „ќе ги разбуцаат како бугарското собрание“!Овој случај потсетува на историскиот пример на Видкун Квислинг, норвешки политичар за време на Втората светска војна, кој тајно соработувал со нацистичките окупатори, саботирајќи ја сопствената земја и партија одвнатре за да ја преземе власта како марионетски премиер. Тоа довело до длабоки поделби и слабеење на норвешкиот отпор. Квислинг бил осуден за предавство и погубен по војната, а неговото име станало синоним за „предавник“ поради соработката со непријателските окупатори“, велат од СДСМ.

Додаваат дека во не така далечното минато некои членови ја напуштиле идеологијата на СДСМ, формирале свое движење ЗНАМ и се приклучиле кон „предавничката влада на ВМРО, која е подготвена да ја продаде иднината на Македонија во проектот „мигранти за пари“.

„По изгласувањето на резолуцијата во Парламентот што ја забранува слободата на говор – резолуција што потсетува на Хитлеров декрет – тие го покажаа своето вистинско лице. Како што можевте да видите, со денови СДСМ трпи напади токму од таа коалиција ВМРО-ЗНАМ, во обид да се дестабилизира нашата партија. Јован Деспотовски им се приклучи заради лични амбиции и фрустрации – продаде сè што претставува СДСМ, ги предаде сите нас, членовите на СДСМ. Како што вели народот: „ја продаде верата за вечера“, велат од СДСМ.

Додаваат дека за неговото однесување додека бил на функција сведочеле многу членови на СДСМ, а сега целосно го покажал своето вистинско лице.

„Поради тоа, овој случај го доставуваме до надлежните органи на СДСМ, Централниот одбор, согласно Статутот на СДСМ со барање за итно исклучување на Јован Деспотовски од партијата“, нагласуваат од СДСМ.