СДСМ: Нема да бидеме замолчени, продолжуваме со објавување на корупцијата

СДСМ обвини дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ започнала, како што наведуваат, организирана и координирана операција за уривање на партијата одвнатре, откако Антикорупцискиот тим на СДСМ почнал јавно да објавува информации за наводни криминални тендери и коруптивни зделки поврзани со актуелната власт.

Од СДСМ тврдат дека нападите започнале токму по објавувањето на конкретни случаи и по стартот на новата платформа за борба против криминалот и корупцијата, нагласувајќи дека претходно немало вакви активности против партијата.

Како примери, од СДСМ посочуваат на 161 тендер доделен на една фирма во вредност од 5,3 милиони евра, 9 милиони евра за фирма со двајца вработени, како и, како што велат, „милионски тендери за студент на Мицкоски“.

Според партијата, станува збор за синхронизирана акција во која се вклучени поранешни функционери и лица поврзани со структури блиски до ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.

Од СДСМ порачуваат дека нема да се откажат од објавување информации за криминал и корупција и дека Антикорупцискиот тим ќе продолжи со работа, додавајќи дека преку платформата МИЦКО.мк секојдневно пристигнуваат пријави од граѓаните.