Вечер на новоприбрани архивски материјали во Кинотека
Во Кинотеката вечер во 20 часот ќе се одржи Вечер на новоприбрани архивски материјали, во која ќе бидат прикажани дел од филмовите набавени во 2025 година преку откуп на материјал или меѓуархивска размена.

Проекцијата на оние филмски материјали кои немаат звук, како што информира Кинотека, ќе бидат прикажани со музичка придружба во живо на ИВЛ.
Една од основните дејности на Кинотеката, поточно на Филмскиот архив, Одделение за прибирање, заштита, обработка и чување на филмови и филмски материјали, при оваа институцаја е токму прибирањето на филмови и филмски материјали кои се поврзани со Македонија.
Кинотеката години наназад води истражување, идентификација, пронаоѓање и прибирање на филмови и филмски материјали кои се однесуваат или се снимени во Македонија со цел збогатување на збирките, фондовите на кинотека и нивно зачувување.
Вечерта ќе бидат прикажани дел од набавените архивски материјали – репортажите на „Филмске новости“ и патеписната репортажа „Од Сава до Вардар“ преземена од Белгискиот филмски архив.