Нова книга на Весна Константинова за рисот Ристе и пријателите

Авторката Весна Константинова во Охрид ја промовираше својата најнова книга за деца „Рисот Ристе и пријателите од Африка во Охрид“. Ова е четврта книга на Константинова во која главниот лик е рисот Ристе, познат како активист за здрав живот, здрава храна и здрава животна средина. Како и претходните книги, и оваа книга, Костадиновска ја посветува на своите два сина и на сите деца, зашто како што таа вели „Сите деца се наши".

Авторката Весна Константинова во Охрид ја промовираше својата најнова книга за деца „Рисот Ристе и пријателите од Африка во Охрид“.

Ова е четврта книга на Константинова во која главниот лик е рисот Ристе, познат како активист за здрав живот, здрава храна и здрава животна средина. Како и претходните книги, и оваа книга, Костадиновска ја посветува на своите два сина и на сите деца, зашто како што таа вели „Сите деца се наши”.

Мотивација да пишува за децата, иако по професија е магистер по фармација, како што вели, е љубовта кон пишаниот збор.

– Само љубовта, љубовта кон пишаниот збор и кон оние кои ми значат, зашто од љубовта поголема сила нема, вели Константинова.

Издавањето на книгата е поддржано од Општина Охрид во рамки на јавниот повик од областа на културата за 2025 година.

Книгата беше промовирана во интересна интеракција на Константинова со децата од ОУ „Григор Прличев“ по што секое дете доби подарок книга. Модератор на настанот беше ученичката Миа Момироска која ги фасцинираше сите присутни со својот талент, а по завршување на настанот.

Како дел од промоцијата на книгата во која се обработува тема од областа на екологијата, беа одржани и две еколошки работилници предводени од Збогум Буково, со поддршка од Охридски комуналец и Салар Интернешнал.