(ВИДЕО) Мирковски: Нашата музика и уметност изобилува со екстремен квалитет
➡За среќа ние како нација сме многу талентирани и децата коишто доаѓаат покажуваат голем интерес и тоа многу ме радува. ➡Кога станува збор за музиката, па и за сите други уметности, нашата држава изобилува со екстремен квалитет. ➡Мислам дека сѐ уште не сме го откриле целосното наше богатство кое го имаме во фолклорната музика, вели пијанистот Бобан Мирковски.
„За среќа ние како нација сме многу талентирани и децата коишто доаѓаат покажуваат голем интерес и тоа многу ме радува. Има голем ентузијазам и се надевам дека тоа така и ќе продолжи“, изјави во „Трилинг“ пијанистот Бобан Мирковски околу тоа дали кај младата генерација препознава успешни, талентирани пијанисти.

За тоа зошто во Македонија доминира турбо фолкот, српската музика, а не домашната македонска, класиците, Мирковски вели дека тоа е наш долгогодишен проблем.
„Гледам дека ние години наназад сме склони кон тоа да примаме нешто што доаѓа од странство. Кога станува збор за музиката, па и за сите други уметности, нашата држава изобилува со екстремен квалитет. Се надевам дека сме на добар пат да го сфатиме она што го имаме како квалитет и како културно наследство, за да можеме да го цениме доволно, па и да го надградуваме“, вели Мирковски.
„Ние не можеме да избегаме од нашиот фолклор. Нашата фолклорна музика е многу податна за реаранжирање и транскрипции и мислам дека сѐ уште не сме го откриле целосното наше богатство кое го имаме во фолклорната музика, така што се надевам дека се повеќе и повеќе ќе откриваме како богатство имаме за да го развиваме понатаму“, смета Мирковски.
Целиот разговор погледнете го во видеото