Мицкоски: Нема да примаме мигранти, немало никакви разговори

Јавноста да биде спокојна бидејќи се додека е оваа Влада нелегална миграција, легална миграција, миграција како резултат на пропаднати барања за азил, како резултат на некакви си договори нема да има. И тоа се гледа, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски пред пратениците одговарајќи на пратеничко прашање.

Обвинувањата на опозициската СДСМ ги нарече апсолутна лага и конструкција во врска со темата мигранти во процесот на постигнување на договор за стратешко партнерство со Обединетото кралство.

– Кампањата која што ја правеше опозицијата, да бидам прецизен СДСМ, не само што е невистинита туку мислам дека имаше за цел да растури пердуви и дека и по принципот дека насловот е важен, пола ќе веруваат, пола нема да веруваат. Добро е таа половина што ќе веруваат да биде наша. Таа е филозофијата и ПР трикот којшто мислат дека ќе го направат, што мислам дека игра не на краток рок, туку на уназадување, затоа што ако некој сака да биде сериозна политичка опција тогаш треба да има и сериозни позиции. Ова не се сериозни позиции, туку политички гимнастики кои што немаат апсолутно никаква врска со темата, рече премиерот.