Во Лос Анџелес прогласена вонредна состојба поради поплавите

Во јужниот дел од Калифорнија прогласено е највисоко ниво на подготвеност за евакуација на населението.

Администрацијата на американската сојузна држава Калифорнија прогласи вонредна состојба во Лос Анџелес и во неколку окрузи во јужниот дел на државата поради обилните дождови што предизвикува поплави.

Во јужниот дел од Калифорнија прогласено е највисоко ниво на подготвеност за евакуација на населението.

Во три градови во округот Лос Анџелес беше издадено предупредување од појава на торнадо, но подоцна беше укинато.

Властите ги предупредија возачите да избегнуваат да се движат по главните патишта поради свлечишта.

Според метеоролозите за време на викендот се очекува да падне и снег.