Прекината постапката против поранешниот министер Горан Весиќ и уште петмина поради уривањето на настрешницата во Нови Сад

Како што е наведено во соопштението на Вишиот суд, советот утврдил дека нема доволно докази за да се оправда сомневањето дека именуваните обвинети ги сториле кривичните дела за кои се товарат.

Вишиот суд во Нови Сад ја прекина кривичната постапка против ексминистерот за градежништво на Србија Горан Весиќ, неговата поранешна помошничка Анита Димоски и некогашната директорка на Железничка инфраструктура на Србија Јелена Танасковиќ, како и против други тројца обвинети за случајот со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад.

Во трагедијата што се случи на 1 ноември минатата година загинаа 16 лица.

Како што е наведено во соопштението на Вишиот суд, советот утврдил дека нема доволно докази за да се оправда сомневањето дека именуваните обвинети ги сториле кривичните дела за кои се товарат.

„Советот утврдил дека нема доволно докази за да се оправда сомневањето дека именуваните обвинети ги сториле кривичните дела за кои се товарат“, се наведува во соопштението на судот до медиумите.

Во исто време, судот ја укина мерката куќен притвор за Јелена Танасковиќ, Милан Спремиќ, Милан Гавриловиќ и Дејан Тодоровиќ. Кога станува збор за Горан Весиќ и Анита Димоски, забраната за напуштање на станот претходно изречена од Вишиот суд во Белград останува на сила, пишува информативниот портал Автономија.

Од друга страна, обвинението е потврдено против Небојша Шурлан, Слободан Наумовиќ, Милан Јелкиќ, Љиљана Милиќ Марковиќ, Јасна Стојиљковиќ Милиќ, Зорица Славковиќ Марјановиќ и Душан Јанковиќ.