Шестмина загинати во тешка сообраќајка во Полска

Два автомобила се судрија на раскрсница во близина на селото Железнице во југозападниот дел од земјата.

Шест лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во Полска денеска, објави ДПА, повикувајќи се на полицијата.

Два автомобила се судрија на раскрсница во близина на селото Железнице во југозападниот дел од земјата во раните утрински часови.

Пет лица загинаа во еден од автомобилите, кој се запали. Најновата жртва е возачот на другиот автомобил.

Сите лица во двата автомобила загинаа. Нивниот идентитет засега не е утврден.

Претходно, полските власти ги предупредија луѓето да бидат внимателни при возење, бидејќи патиштата се заледени откако температурите во земјата паднаа под нулата, а сообраќајот е густ поради божиќните празници, забележа ДПА.