
Електродистрибуција ќе ги отчитува броилата и за празниците, воведена нова онлајн услуга
Од РКЕ нагласуваат дека е клучно во јануари да продолжи редовното отчитување за потрошувачите да имаат чист увид во тоа што го плаќаат.
Граѓаните ќе добиваат сметки за струја со реално потрошени киловати наместо прогнозирани суми. По налог на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), „Електродистрибуција“ значително го зголеми процентот на отчитани броила, кој сега изнесува 95% на тримесечно ниво.
За да се избегнат лавините приговори од претходните години, компанијата формираше вонредни екипи кои ќе вршат отчитување на терен дури и за време на претстојните новогодишни и верски празници. Дополнително, од 1 декември е ставена во функција и новата дигитална услуга за онлајн корекција на фактура, која треба да им го олесни процесот на граѓаните доколку забележат несовпаѓање.
Од РКЕ нагласуваат дека е клучно во јануари да продолжи редовното отчитување за потрошувачите да имаат чист увид во тоа што го плаќаат.