
Унгарија: Воениот заем од ЕУ за Украина само ќе ја продолжи војната и никогаш нема да биде вратен
„Унгарија сака да остане надвор од војната и ќе направи сè што е потребно за да се обезбеди успех на мировните напори на Соединетите Американски Држави во Будимпешта или на друго место“, рече Гуљас.
Воениот заем од Европската Унија за Украина никогаш нема да биде вратен и ќе ја продолжи војната наместо да донесе мир, изјави денеска шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Гергели Гуљас.
Според него, Унгарија ја постигнала својата цел, имено да спречи „целосно уништување на европскиот пазар на капитал“, и покрај првичниот предлог на Европската комисија и силната поддршка на тој предлог од Германија, која процени дека користењето на замрзнатите руски средства ќе доведе до уништување на тој пазар.
Тој додаде дека Унгарија, заедно со Чешка и Словачка, исто така обезбедила исклучок од планот за финансирање на заемот за Украина преку заеднички долг, додавајќи дека Будимпешта смета дека овој план бил спротивен на интересите на Европа.
„Унгарија сака да остане надвор од војната и ќе направи сè што е потребно за да се обезбеди успех на мировните напори на Соединетите Американски Држави во Будимпешта или на друго место“, рече Гуљас.