Приказната за групата „Меморија“ на изложба во МКЦ
Приказната за групата „Меморија“ од 1983 до денес е прикажана на изложбата „Времеплов, од црно-бело во боја“, што се отвори вчера во МКЦ. Изложбата е најава на концертот, во четврток, 25 декември, во 20 часот во „Дансинг салата“ на МКЦ. Најавена е и промоција на нов албум на „Меморија“ на почетокот на следната година, како и снимање на документарец за групата.

– Изложбената поставка е посвета на музиката, пријателството, истрајноста и љубовта кон сцената, но и благодарност до сите генерации публика кои беа и се дел од ова патување. На изложбата се претставени фотографии од сите членови на бендот, моменти од нивните концерти, настапи, проби и незаборавни случки од нивниот творечки пат, збогатени со освоени награди, инструменти и други лични предмети – од далечната 1983 година, па сè до денес. Секоја фотографија носи своја приказна, емоција и сведоштво за времето во кое настанала, за публиката, сцената и духот што го одбележуваше и сè уште го одбележува бендот – вели Антонио Димитриевски, во улога на ПР на групата.

На промоцијата во МКЦ, дваесетина некогашни и сегашни членови на групата „Меморија“ на чело со лидерот Петар Георгиевски алиас Перо Камиказа,, единствена константа во бендот 40 години, се вратија назад во времето и евоцираа спомени поврзани со членувањето во овој долговечен македонски рок бенд.
Слушнавме многу сеќавања и анегдоти, меѓу кои и како групата го добила името, за трите концерти во Белград, за топлата штипска публика, за тоа дека „Меморија“ досега имала четворица пејачи, повеќе и од „Бело дугме“, за причините за постојаните измени во составот, за првите чекори на денес познати музичари, токму во „Меморија“….
Преземено од Независен