Препораки: Ако сте во можност заминете од Скопје, ако не, не излегувајте надвор

Поради екстремното загадување на воздухот линијата 194 е под опсада. Хронично болните, астматичарите и лицата со респираторни проблеми деновиве се најчестите пациенти кои во паника бараат спас од Итната медицинска помош.

Медицинските лица даваат неколку клучни совети за преживување во овие денови на густ смог:

Бегство на планина: Ако имате можност, искористете ги викендите и слободните денови да заминете од главниот град на повисоки места.

Останете дома: Додека сте во Скопје, движењето надвор сведете го на минимум.

Заштита: Доколку излегувањето е неизбежно, задолжително носете заштитна маска (N95/KN95).

Откако два последователни дена беше надминат прагот на алармирање, надлежните ги активираа итните мерки и препораки. Препорака до работодавците за ослободување од работни обврски на бремени жени, лица постари од 60 години и граѓани со хронична астма, прележан срцев удар или мозочен удар (без оглед на возраста).

За работниците на отворено, се препорачува работното време да се реорганизира во периодот од 11 до 17 часот.