Нигериец со американски пасош нападнал полицаец во Градски парк

Вистинска драма се одвивала рано утрово пред познат угостителски објект во Градскиот парк во Скопје. Полицијата морала да интервенира и да приведе странски државјанин кој физички нападнал службено лице, а притоа бил вооружен.​Инц идентот се случил во 4:30 часот, кога забавата во паркот сè уште траела.

​Според СВР Скопје, лишен од слобода е 37-годишниот У.И.У. по потекло од Нигерија, кој поседувал и се легитимирал со американски пасош и лична карта. Странецот физички нападнал полициски службеник кој во тој момент извршувал службени дејствија пред локалот.

​Она што го прави случајот многу посериозен е тоа што напаѓачот бил вооружен. При претресот, полицајците кај него пронашле пиштол марка „Глок“, две рамки со вкупно 30 куршуми.​Тој не поседувал дозвола за оружјето. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок за нападот врз полицаецот и за недозволеното поседување оружје.