Велика Британија ја намалува помошта за Западен Балкан за одбрана од руски кибер напади

Велика Британија ја намали финансиската поддршка за одбрана од руските напади и дезинформации на Западен Балкан од минатогодишните 45,7 милиони евра на 27,36 милиони евра за периодот 2025 – 2026 година.

Велика Британија ја намали финансиската поддршка за одбрана од руските напади и дезинформации на Западен Балкан од минатогодишните 45,7 милиони евра на 27,36 милиони евра за периодот 2025 – 2026 година.

Фондот за интегрирана безбедност (ISF), кој ја поддржува борбата против кибер нападите, зајакнувањето на демократијата и независните медиуми, е погоден од кратење на официјалната развојна помош (ODA) од 36,37 милиони евра на 19 милиони евра, пишува Гардијан.

Експерти и поранешни функционери предупредуваат дека ова намалување може да го ослаби регионалното лидерство на Велика Британија во сузбивањето на руското влијание и дестабилизацијата. Тие истакнуваат дека регионот е „на првата линија на борбата против дезинформациите“ и оти кратењето на средствата не е стратешки оправдано во време на зголемени глобални безбедносни ризици.

Британскиот премиер Кир Стармер, како што наведува Гардијан, неодамна го опиша Западен Балкан како „европско искушение – место каде што безбедноста на нашиот континент се става на тест“.

Портпаролот на владата изјави дека одлуките за буџетот на ISF ги следат промените на националните приоритети. Тој додаде дека фондот често финансира краткорочни проекти, поради што приспособувањата во потрошувачката се очекувани.

Кејт Фергусон од организацијата Protection Approaches истакна дека Велика Британија досега се издвојувала како сигурен и принципиелен лидер на Балканот.

– Сега, кога новите форми на руска агресија и малигно влијание се продлабочуваат во регионот, ова лидерство мора да биде зајакнато, а не разредено, порача таа.