Екс-бразилскиот фудбалски репрезентативец, своевремено најдобриот светски игра – Роналдо Луис Назарио дa Лима е пред сериозен предизвик.
Дал ветување и сака да го исполни. Тој вози велосипед на растојанието од Валјадолид до Сантијаго де Компостела, одоколу 450 километри.
Роналдо во 2018 година купи 51 отсто од акциите на шпанскиот фудбалски клуб Валјадолид, а по испаѓањето на тимот од Ла Лига минатата сезона вети дека доколку тимот се врати во елитата, ќе мине по патеката на Камино де Сантијаго.
„Ветив дека ќе го сторам тоа ако се вратиме во Ла Лига. Бидејќи не можам да трчам, тоа ќе го сторам со велосипед. Ќе биде одлично. Знам дека ќе патам, но впечатоците ќе останат незаборавни“ – изјави Роналдо.
Тој е мнозински сопственик на дури два клуба, неговиот матичен Крузеиро и шпанскиот Реал Ваљадолид.
¡Las promesas se cumplen!@Ronaldo inicia el Camino de Santiago pic.twitter.com/JF4oekNgFV
— Real Valladolid C.F. (@realvalladolid) June 5, 2022