
Кога финансиската сигурност се лизга: Промена на оригиналниот план за замрзнатите руски милијарди
Откако Белгија се спротивстави на првичниот план на ЕУ, плашејќи се дека ова директно се коси со меѓународното право комисијата ги отстрани сите референци за заемот за Украина базиран на руските замрзнати средства.
Откако Белгија се спротивстави на првичниот план на ЕУ, плашејќи се дека ова директно се коси со меѓународното право комисијата ги отстрани сите референци за заемот за Украина базиран на руските замрзнати средства.
Тоа значи дека рускиот државен имот во Европа, во вредност од 210 милијарди евра, би можел да остане трајно замрзнат сè додека Кремљ не ѝ плати воена отштета на Украина. Одлуката е овозможена со нов правен механизам одобрен од амбасадорите на земјите-членки, со кој на Европската комисија ѝ се даваат вонредни овластувања да ги држи средствата замрзнати на неодредено време.
Одлуката всушност не е олеснување на условите туку уште потежок удар за надежите на Кремљ дека одмрзнувањето на средствата ќе биде дел од повоениот мировен договор.
Европската комисија првично го предложи овој правен механизам за да го зајакне планот за мобилизирање на 210 милијарди евра замрзнати руски средства за да ѝ се помогне на Украина, од кои поголемиот дел ги поседува белгиската фирма „Еуроклеар“.
Според правниот текст, во кој Њујоршки Политико имал увид, новите вонредни овластувања на ЕУ ќе останат на сила сè додека „Русија не ја прекине својата агресивна војна против Украина и не обезбеди отштета на Украина“.
ЕУ ја оправда оваа правна промена тврдејќи дека враќањето на средствата во Русија би предизвикало хаос во економијата на ЕУ и потенцијално би поттикнало хибридни напади од страна на Кремљ. Во правниот текст, Комисијата изјави дека замрзнувањето на средствата е „соодветна мерка за да се избегнат понатамошни последици од невидени размери за економската состојба на ЕУ предизвикани од руските дејствија“.
Унгарија јавно ја оспори одлуката, тврдејќи дека таа го крши правото на ЕУ и ја поткопува неутралноста на Комисијата.
Најголемиот страв е дека ваквиот преседан може да стане пракса на долг рок и во прашање да бидат доведени имотите на сите оние земји или поединци кои во иднина би размислувале поинаку од меинстрим политиката на ЕУ и НАТО. Ова потенцијално може да дислоцира милијарди капитал од западните банки бидејќи сите неутрални држави во иднина ќе бараат посигурни прибежиште за своите средства. Или уште полоши државите би се затвориле сами во себе што во прашање ја доведува целокупната меѓународна трговија на која почива современата економија.