ВИДЕО) Трилинг најава: Населување на мигранти – реалност, параноја или ширење на ксенофобија

Во Трилинг гостуваат Анастасиа Павловска од иницијативата „Кој е следен“, Оливер Спасовски координатор на пратеничката група на СДСМ, Благоја Пандовски претседател на Транспаренси Интернешнл и Илија Ико Каров, режисер на филмот „К15: Од другата страна“. Во рубриката „Знаење што менува“ анализа на Анче Атанасова директорка за човечки ресурси во Семос Едукација.

Фото: Трилинг / Анастасиа Павловска

„Оние личности кои ние ги сметаме за највисоката власт, оние коишто треба да не заштитуваат нас, се однесуваат на едно толку, толку ниско ниво. Морам да ја именувам госпоѓата Иванка која ни рече – ете колку пари сакаат.

-Ние искрено не веруваме во позиција и опозиција. Веруваме дека они сите заедно работат против народот“, вели за „Трилинг“ Анастасиа Павловска од иницијативата „Кој е Следен“, говорејќи за последните случувања повзани со трагедијата во Кочани.

Фото: Трилинг / Оливер Спасовски

„Населувањето на мигранти најмалку треба да биде ширење на ксенофобијата заради тоа што таа човечка емпатија треба да биде клучна во моменти кога е во прашање миграцијата.

-Немам од што да се плашам во ниту еден момент, вели за „Трилинг“, Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ прашан за тоа тоа дали се плаши да не заврши на обвинителна клупа.

Фото: Трилинг / Благоја Пандовски

„Многу ретко се гони кај нас, или да се поведе поведе судска постапка и да се покрене обвинение тоа некако заглавува во лавиринтите на судскиот систем“, вели Благоја Пандовски претседател на Транспаренси Интернешнл.

Фото: Трилинг / Илија Ико Каров

„К-15 го соочуваше народот со вистината и затоа стана трн во окото на властите“, вели Илија Ико Каров, режисер на филмот „К-15: Од другата страна“.

Гледајте не на ТВ24 во 20.45ч , на youtube каналот Трилинг, како и на порталот triling.mk.