
По повод државниот празник „Св. Климент Охридски“, од Паркинзи на општина Центар известија дека денеска, паркиралиштата со кои стопанисува јавното претпријатие ќе бидат бесплатни за користење од страна на сите граѓани.
Исклучок од ова се затворените паркиралишта „Дилајла“ со автоматска наплата и „Трготекстил“, каде што наплатата ќе се одвива согласно редовниот режим.
Редовната наплата за паркирање ќе продолжи утре (вторник) со вообичаено работно време.