Македонија на искуство го победи Гибралтар – 2:0

Фудбалската репрезентација на Македонија ја оствари целта, ги освои трите бода на гостувањето кај Гибралтар во второто коло во Лигата на нации.

Мечот со Гибралтар заврши со резултат 2-0 во корист на пулените на Благоја Милевски, а стрелци на головите за „рисовите“ беа Енис Барди во 21-та минута по една соло акција и Бобан Николов користејќи го невниманието на противничката одбрана во финишот на мечот.

За одбележување е пречката што ја погоди Милан Ристовски во првото полувреме.

Домаќините најзрелата шанса за погодок ја имаа по киксот на Висар Муслиу кога Валарино излезе сам пред Дејан Илиев, но биеше крај голот.

Македонија има 4 бода по два меча во групата, а од 20.45 почнува вториот меч од нашата група, играат во Разград, Бугарија и селекцијата на Грузија.