
Обвинетиот инспектор Георгиев си го бара телефонот назад – во него нема никакви докази за несреќата во „Пулс“
Георгиев, како и сите обвинети во случајот имаат право да објаснат како ќе се води нивната одбрана, па тој ја искористи приликата да си го побара мобилниот телефон, за кој вели, за цело време плажа сметки, а не го користи.
На денешното рочиште за случајот „Пулс“ без изнесени воведни зборови од одбраната за поранешниот кочански градежен инспектор Огњан Георгиев (68), кој е обвинетите за тешки дела против општата сигурност. Тој, во судницата во Идризово побара да му биде вратен мобилниот телефон, кој му бил одземен како доказ во истрагата.
Георгиев, како и сите обвинети во случајот имаат право да објаснат како ќе се води нивната одбрана, па тој ја искористи приликата да си го побара мобилниот телефон, за кој вели, за цело време плажа сметки, а не го користи.
„Имам едно барање до ЈО, барам да ми се врати мојот мобилен телефон затоа што јас друг телефон немам. Мојот телефон е ’чист‘ со гаранција, немам никакви доказни материјали бидејќи сум немал никакви контакти со обвинетите.“
Неговиот адвокат, Зоран Зафировски, подетално ја оспори правната основаност на обвинението, тврдејќи дека Обвинителството погрешно ги толкува надлежностите на градежните инспектори.
Според Зафировски, инспекторите немаат овластување да запечатуваат објекти, ниту да интервенираат во делокругот на управувањето со урбанистички планови. Тој нагласи дека Георгиев немал налог за вонредна контрола и дека никој не побарал од него да спроведе дополнителен надзор.
Одбраната смета дека во случајот „Пулс“ не се работело за пренамена од деловен во станбен простор, туку за пренамена „деловен во деловен“, поради што, како што тврдат, инспекторот немал законска обврска да преземе мерки.
Адвокатот дополнително побара судот да утврди дали воопшто постои временска рамка во која делото сè уште може да се гони, бидејќи Георгиев го вршел својот инспекторски мандат од 2005 до 2021 година.
Тој инсистира дека делото не може да се квалификува како сторено со умисла, туку евентуално со пропуст или небрежност.