Опозициската партија Алтернатива која има четири пратеници во македонското Собрание дефинитивната одлука дали ќе биде дел од Владата ќе ја донесена утре, на седница на највисокото партиско тело – Централниот совет.
Партиската средба ќе се одржи во седиштето на партијата, во Тетово.
„Седница на Централниот совет на Алтернатива имаме утре во 19 часот во партиското седиштте во Тетово. Утре ќе се донесе конечна одлука . До овој момент ништо не можам да кажам. Утре по завршувањето на седницата ќе имаме прес-конфренција“ рече денеска партискиот портпарол – Орхан Муртезани.
Претседателот на партијата – Африм Гаши досега трипати се сретна со првиот човек на СДСМ, Зоран Заев и дискутираа за учество на Алтернатива во Владата.