Изненадување во Австрија – канцеларот Шаленберг се повлекува од функцијата

Канцеларот на Австрија – Александар Шаленберг денеска изненадувачки најави дека се повлекува од функцијата, а поминаа речиси два месеци откако ја презема должноста.

Оваа одлука на Шаленберг доаѓа по само неколку часа откако неговиот претходник, Себастијан Курц, кој е опфатен во истрагата на државното обвинителство за коруптивни скандали, соопшти дека заминува од политиката.

Конзервативниот политичар и неговото поднесување оставка од позицијата најавуваат сериозни превирања во врвот на австриската политика, пред се во Австриска народна партија (ОВП).