
Премиерот го откажа своето присуство на денешниот македонско-српски бизнис форум поради кратка здравствена пауза, предизвикана од сезонски фактори, информираат од Владата.
„Поради кратко нарушување на општата кондиција предизвикано од сезонски фактори што повремено се појавуваат овој период, премиерот беше поттикнат да направи кратка здравствена пауза. Не претставува состојба за загриженост, но претпазливиот институционален пристап на здравствените работници наложи одложување на планираниот настан со цел побрзо опоравување“, соопштија од Владата.
Од таму додаваат дека премиерот е во добра општа состојба и наскоро ќе се врати на редовните активности.