СДСМ ќе ја повика европската обвинителка Ковеши да ја посети Македонија за скандалот со ИПАРД

Во соопштението на СДСМ се вели дека не сакаат државата да остане без финансиска поддршка поради злоупотребите на ВМРО-ДПМНЕ. „Немаме доверба во нашите институции, прво затоа што врз нив секојдневно се врши притисок од страна на Мицкоски, а второ, затоа што власта прави се за да ги заштити своите од прогон.

СДСМ ќе ја повика главната европска обвинителка, Лаура Ковеши, да ја посети Македонија и лично да се запознае со – како што велат „малверзациите што ДПМНЕ ги прави со европските фондови, меѓу кои и ИПАРД програмата“.

Во соопштението на СДСМ се вели дека не сакаат државата да остане без финансиска поддршка поради злоупотребите на ВМРО-ДПМНЕ. „Немаме доверба во нашите институции, прво затоа што врз нив секојдневно се врши притисок од страна на Мицкоски, а второ, затоа што власта прави се за да ги заштити своите од прогон.

Имајќи предвид дека злоупотребите биле вршени од страна на власта, и дека директорот на Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделството и руралниот развој е уапсен токму за корупција поврзана со европските пари, сметаме дека должност ни е да ја информираме европската јавност и Европското јавно обвинителство (EППO).

Главната европска обвинителка, Лаура Ковеши, е надлежна за истраги поврзани со злоупотреби на ИПАРД-фондовите, во рамките на нејзината улога како прв човек на Европското јавно обвинителство“, велат од СДСМ.