
Адвокатката на Дејан Јовановски-Деко, газда на „Пулс“ кажа дека тој не е монструм, ниту виновен за трагедијата во која загинаа 63 лица.
„Тешко ми е да го бранам човекот што за сите вас, во вашите очи е убиец, а за мене само еден обичен човек. Еден обичен човек кој колку и да го правите монструозен, тој не е. Тој е човек на кого му падна на товар, институционалната одговорност. Не сме свесни ниту колку локали и моментално функционираат пропуштени од институцинален надзор, кој во конкретниот случај ниту ние немаше да го осазнаеме, ако ја немавме и немарноста на ангажираните музички артисти (ДНК) кои биле ангажирани во локалот на Дејан“, рече адвокатката.
„Дејан е човек, а не монструм. Не сакал тоа да се случи. По оваа трагедија која е последица на долгогодишната непрофесиналност на системот, морам да напоменам дека и јас како човек кој живее во ова општество, барам правно издржана завршница.
Таа го критикуваше обвинителниот акт.
„Ова е најиздржаното обвинение. Говорот на Обвинителството беше поетичен“, додаде таа.
Преземено од Независен