
Екс претседателка на Врховен суд – Црна Гора осудена на година и девет месеци затвор
Во обвинението се наведува дека Влаховиќ Милосављевиќ сторил кривично дело злоупотреба на службена должност, а Меденица – злоупотреба на службена должност со поттикнување, пишува Вијести.
Поранешната претседателка на Врховниот суд на Црна Гора Весна Меденица денеска е осудена на една година и девет месеци затвор, а судијката на Трговскиот суд Милица Влаховиќ Милосављевиќ на шест месеци затвор.
Во обвинението се наведува дека Влаховиќ Милосављевиќ сторил кривично дело злоупотреба на службена должност, а Меденица – злоупотреба на службена должност со поттикнување, пишува Вијести.
Во обвинението се наведува и дека Меденица, како претседателка на Врховниот суд, влијаела врз судијата на Трговскиот суд да донесе одлука во случајот во корист на нејзиниот кум Раде Арсиќ, на штета на московската корпорација „Тен“.
Ова е првостепената пресуда што ја изрече Бранислав Лековиќ, судија на Вишиот суд во Подгорица.