
Инфлацијата во ЕУ падна на 2,5 проценти – Романија e рекордер
Најниски стапки на инфлација во октомври беа во Кипар 0,2, во Франција 0,8 и во Италија 1,3 проценти, додека рекордери се Романија со 8,4, Естонија со 4,5 и Латвија со 4,3 проценти.
Инфлацијата во Еврозоната во октомври на годишно ниво падна на 2,1 процент, од 2,2 проценти во септември, додека на ниво на Европската Унија е 2,5 проценти, објави Евростат.
Идентично намалување во споредба со септември од 0,1 процент е забележано и на ниво на Европската Унија, објавува Индекс.
Најниски стапки на инфлација во октомври беа во Кипар 0,2, во Франција 0,8 и во Италија 1,3 проценти, додека рекордери се Романија со 8,4, Естонија со 4,5 и Латвија со 4,3 проценти.
Во споредба со септември, инфлацијата се намали во 15 земји-членки, остана на исто ниво во три, а се зголеми во девет земји.
Најголем придонес кон инфлацијата во Еврозоната имаше секторот на услуги со раст од 1,54 проценти, по што следуваат храната, алкохолот и тутунот со 0,48 проценти и неенергетските индустриски производи со 0,16 проценти.
Цените на енергијата беа намалени за симболични 0,08 проценти во октомври, со што се потврдува трендот на стабилизација и пад на цените во тој сектор.