Газдата на „Дурмо турс“ повторно го одложи одењето во затвор поради операција на кила на вториот тестис

Делули бил хоспитализиран во Тетовската болница, каде денеска имал закажана операција на вториот тестис, откако првата кила на тестис ја имал пред два месеци во октомври.

Дурмиш Белули, газдата на „Дурмо турс“ осуден за трагедијата кај Ласкарци, наместо да се појави во Идризово за издржување на 10 годишната затворска казна, бил сместен во Клиничката болница Тетово. Повторно поднел барање за одложување зашто имал закажано операција.

Делули бил хоспитализиран во Тетовската болница, каде денеска имал закажана операција на вториот тестис, откако првата кила на тестис ја имал пред два месеци во октомври.

Претходно, шефот на возниот парк на компанијата, Ремзи Мифтари побара одложување на издржувањето на затворската казна поради операција на кила на тестиси. Тој во меѓувреме избега, па сега се бара со потерница.

Автобуската несреќа се случи во 2019 година. Загинаа 16 патници, а над 30 беа повредени.

Преземено од Фокус