Синот на премиерот Мицкоски меѓу потешко затруените ученици во ОУ „Димо Хаџи Димов“

Според информациите, тој бил хоспитализиран и веќе два дена се наоѓа во болница со симптоми на труење и зголемена телесна температура. Во моментов, неговата здравствена состојба е стабилизирана и подобрена.

Помалиот син на македонскиот премиер Христијан Мицкоски, Антониј, е меѓу потешко затруените ученици од скопското основно училиште „Димо Хаџи Димов“ во населбата Влае, објави „НетПрес“. Според информациите, тој бил хоспитализиран и веќе два дена се наоѓа во болница со симптоми на труење и зголемена телесна температура. Во моментов, неговата здравствена состојба е стабилизирана и подобрена.

По утринското известување дека поголем број ученици пријавиле стомачни болки, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во координација со Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и Центарот за јавно здравје, спроведуваат вонреден инспекциски надзор во училишната кујна. Кујната е привремено затворена додека се утврдува можниот извор на труењето.

„Инспекцискиот надзор се прави откако утрово добивме известување од училиштето, дека поголем број на ученици имаат стомачни болки. Со цел утврдување на изворот на евентуално труење со храна, кујната во училиштето е времено затворена. Согласно Националниот протокол за постапување при сомнеж за труење со храна, ќе се спроведе епидемиолошка анкета и земени ќе бидат мостри од инкриминирана храна, работни површини и прибор и машини за лабораториско тестирање. По спроведената контрола, јавноста ќе биде информирана за спроведените активности и изречените мерки“, наведено е во соопштението од АХВ.

Ученици со стомачни болки – труење со храна во едно скопско училиште