Холандската амбасадорка повика да не им го трошиме времето и парите со неправењето реформи

Таа ги посочи деловите од извештајот околу владеењето на правото и корупцијата каде што се констатира дека нема прогрес нагласувајќи дека Холандија во напредокот во овие сфери вложила досега значителни ресурси, па практично апелираше да направиме реформи за да не биде сето тоа залудно. Таа јасно кажа дека уставните измени како услов треба да бидат исполнети и да се направи исчекор во остварувањето на реформите за да земјата напредува во евроинтеграцијата, нагласувајќи дека не е коинциденција што владеењето на правото е дел од преговорите за основите, т.е. клучната тема.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на дебатата денес на Националната конвенција за ЕУ порача дека дека ниту едно билатерално прашање не треба да остане пречка на нашиот пат до Унијата, додавајќи дека примерите на Албанија и Црна Гора покажуваат дека процесот е реален и достижен.

„За нас евроинтеграцијата не се гради во Брисел туку тука, во нашите одлуки и начинот на кој постигнуваме консензус. Нашиот натпревар не треба да се одвива во реторика туку во изнаоѓање заеднички решенија за заедничките проблеми. Сега, повеќе од било кога, надвор од политичките калкулации потребна ни е зрелост“, рече Гаши, нагласувајќи дека тоа им го должиме на идните генерации.

Амбасадорката на Холандија, Узлем Џанел, практично ги повика политичките фактори во земјата да не ги оставаат да трошат и натаму време и пари околу нашата евроинтеграција. Таа ги посочи деловите од извештајот околу владеењето на правото и корупцијата каде што се констатира дека нема прогрес нагласувајќи дека Холандија во напредокот во овие сфери вложила досега значителни ресурси, па практично апелираше да направиме реформи за да не биде сето тоа залудно. Таа јасно кажа дека уставните измени како услов треба да бидат исполнети и да се направи исчекор во остварувањето на реформите за да земјата напредува во евроинтеграцијата, нагласувајќи дека не е коинциденција што владеењето на правото е дел од преговорите за основите, т.е. клучната тема.

Наедно таа посочи дека треба да се работи на на економскиот раст и македонија таму да се доближи до европските стандарди забележувајќи дека сега имаме висока стапка на иселување, висока енергетска зависност, недоволно кадровски вештини и не се справуваме со климатските промени, оценувајќи дека на сите овие прашања треба да се одговори на структурен начин.

„Не треба да се губи повеќе време. Времето да се дејствува е сега“, порача холандската амбасадорка.