
ВРЕДИ: Беким Сали, Мухамед Хоџа и Башким Бакиу – министри, Орхан Муртезани амбасадор во Брисел
Ова е понудата на ВРЕДИ до премиерот Христијан Мицкоски за пополнување на испразнетите места во Владата по локалните избори откако Изет Меџити стана градоначалник на Чаир, пишува „Слободен печат“.
Беким Сали – прв вицепремиер и министер за евроинтеграции, Мухамед Хоџа – министер за животна средина, Орхан Муртезани – амбасадор во Брисел и Башким Бакиу – нов министер за здравство на местото на Азир Алиу кој, пак, ќе биде директор на Агенцијата за електронски комуникации.
Ова е понудата на ВРЕДИ до премиерот Христијан Мицкоски за пополнување на испразнетите места во Владата по локалните избори откако Изет Меџити стана градоначалник на Чаир, пишува „Слободен печат“.
Од таму велат дека „ако премиерот ги потврди новите кадровски решенија, се очекува до крајот на неделата предлозите за нови министри да влезат во собраниска процедура“.