Ученици со стомачни болки – труење со храна во едно скопско училиште
Инспекциски служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје, во моментов спроведуваат вонреден инспекциски надзор во кујната на операторот со храна во ООУ „Димо Хаџи Димов“, утрово по добиено известување од нив, дека поголем број на ученици имаат стомачни болки.

Со цел утврдување на изворот на евентуално труење со храна, кујната во училиштето е времено затворена.
По спроведената контрола, јавноста ќе биде информирана за спроведените активности и изречените мерки.