
Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар ќе се чисти секојдневно
- Континуирано се врши темелно чистење на кејот на реката Вардар, заедно со нејзиното корито. Екипите на јавните претпријатија во координирана и организирана акција, ги расчистуваат пешачките и велосипедските патеки - сè она што со години беше занемарено и што создаваше слика недолична за нашиот град, конечно станува дел од минатото, наведува Ѓорѓиевски.
Екипите на јавните претпријатија во Скопје го чистат кејот на реката Вардар, објави на Фејсбук градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
– Континуирано се врши темелно чистење на кејот на реката Вардар, заедно со нејзиното корито. Екипите на јавните претпријатија во координирана и организирана акција, ги расчистуваат пешачките и велосипедските патеки – сè она што со години беше занемарено и што создаваше слика недолична за нашиот град, конечно станува дел од минатото, наведува Ѓорѓиевски.

Ова одржување ќе биде трајна практика. Кејот ќе се чисти секојдневно, бидејќи, како што посочува, скопјани и сите гости на главниот град заслужуваат убава, уредена и чиста метропола.
– Вардар, скопскиот бисер, повторно ќе го носи својот сјај, онаков каков што му доликува, нагласува градоначалникот Ѓорѓиевски.