Властимир Алексовски – член и активист на владејачката СДСМ од Куманово денеска до Централната изборна комисија во партијата поднел кандидатура за претседател на СДСМ за вонредните внатрепартиски избори кои ќе се одржат на 12. Декември.
Од партијта информираа дека по анализирање на поднесената документација, Централната изборна комисија ќе соопшти дали ја верификувала апликацијата.
Од партијата наведуваат дека тоа е правило за сите поднесени кандидатури.