Радев и Штајнмајер во Стразбур разговарале за Македонија

Бугарскиот претседател, Румен Радев и неговиот колега од Германија, Франк-Валтер Штајнмајер имале средба во Стразбур, а на неа размениле мислења за безбедносната средина во соседните региони на ЕУ и европската перспектива на С. Македонија.

Радев, според информациите, изразил очекување дека Бугарија е за активен билатерален дијалог на високо ниво со С. Македонија, во кој ќе се решат спорните прашања.

Бугарскиот претседател на Штајнмајер му посочил дека Македонија мора да покаже европска зрелост и почит кон вредностите на ЕУ со преземање конкретни активности за ставање крај на говорот на омраза кон Бугарија во учебниците по историја, државните и научните институции и јавните медиуми, да престане со фалсификување на бугарското културно и историско наследство и особено за почитување на правата на своите граѓани, кои отворено го изразуваат својот бугарски идентитет.

Двајцата лидери се согласиле дека ЕУ треба да биде многу поактивна во барањето мирно и одржливо решение за кризите во соседните региони.