
Гаши за ЕУ: Не треба да се натпреваруваме во реторика, туку во наоѓање решенија
„За нас евроинтерграцијата не се гради во Брисел туку тука, во нашите одлуки во начинот на кој доаѓаме до консензус. Нашиот натпревар не треба да се одвива во реторика туку во изнаоѓање заеднички решенија за заедничките проблеми. Сега, повеќе од било кога, надвор од политичките калкулации потребна ни е зрелост“, рече Гаши, нагласувајќи дека тоа им го должиме на идните генерации.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на дебатата денес на Националната конвенција за ЕУ порача дека дека ниту едно билатерално прашање не треба да остане пречка на нашиот пат до ЕУ, а напредокот на Албанија и на Црна Гора покажува дека процесот е сериозен.
„За нас евроинтерграцијата не се гради во Брисел туку тука, во нашите одлуки во начинот на кој доаѓаме до консензус. Нашиот натпревар не треба да се одвива во реторика туку во изнаоѓање заеднички решенија за заедничките проблеми. Сега, повеќе од било кога, надвор од политичките калкулации потребна ни е зрелост“, рече Гаши, нагласувајќи дека тоа им го должиме на идните генерации.
За Венко Филипче, лидерот на СДСМ, јасно е дека единствениот пат напред за Македонија е евроинтеграцијата. Жали што го добивме најлошиот извештај на ЕК, бидејќи е евидентна волјата на Еу да има проширување. Тој посочи дека регионот изминатите години примил шест милијарди евра како помош од ЕУ, а за Хрватска и Бугарија добиле по околу 40 милијарди евра, така што според него јасно е накаде треба да одиме. Не знам, рече Филипче, зошто треба да одиме повторно во сомнителни кредити место да користиме фондови на ЕУ и зошто да ги задолжуваме граѓаните кога можеме бесплатно да го правиме истото.
Според него, две забелешки се многу битни. Ако продолжиме вака,рече тој, не сум сигурен дека ЕУ нема повторно да не врати во статусот. И не сум сигурен дека ќе остане единствен услов ова со соседите.
Тоа што трите патокази за владеење на правото, за јавната администрација и за демократските институции не се донесени, што ја става под прашалник политичката волја на актуелната владеечка администрација нешто да се направи. Притоа ги наброја сите недонесени реформски закони и забележа дека огромен број од нив доаѓаат по скратена постапка.