
Во поплавите на Тајланд загинаа 33 луѓе
Бројот на жртвите во поплавите што го погодија јужниот дел на Тајланд се искачи на 33, изјави портпаролот на Владата, Сирипонг Ангкасакулкиат
Бројот на жртвите во поплавите што го погодија јужниот дел на Тајланд се искачи на 33, изјави портпаролот на Владата, Сирипонг Ангкасакулкиат.
Минатонеделните обилни дождови предизвикаа поплави во десет јужни провинции. Во градот Хат Јаи регистрирани се рекордни дождови во изминатите 300 години, во еден ден наврнаа 335 милиметри дожд.
Тајландските власти распоредија воени бродови и хеликоптери за пружање помош. Медицинските екипи се подготвуваат носач на авиони да претворат во пловечка болница.
Дел од населението ги чека спасувачките екипи на покривите, бидејќи куќите им се под вода. Повеќе од два милиони луѓе се погодени од поплавите, но само 13.000 се згрижени во засолништа.