Дрвокрадци се обиделе да прегазат шумски полицајци на патот Прилеп – Велес

Од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп, лицата биле пронајдени и приведени во полициска станица Прилеп при што е утврдено дека се работи за Е.А. и М.А. двајцата од Прилеп и по документирање на настанот против истите ќе следува соодветна пријава.

МВР информира дека синоќа во 22.30 часот, во ОВР Прилеп, Р.М. од Прилеп пријавил дека на стариот патен правец Прилеп – Велес кај м.в. Дервен, пријавителот вработен како шумски полицаец заедно со неговите колеги, затекнале две возила кои вршат бесправен транспорт на огревни дрва и при обид да ги стопираат, истите се обиделе да ги прегазат, при што удриле во нивното службени возило и избегале.