Спасовски негира дека има раздор во СДСМ

.Што е важно како ќе се вика претседателот и кој ќе биде, ние требе сериозно да се зафатиме и да ја вратиме СДСМ на вистинскиот пат“, рече Спасовски.

Пратеникот од СДСМ, Оливер Спасовски, синоќа во Тема на денот на ТВ Сител прашан за превирања во партијата и шпекулации за внатрешен раздор одговори дека се тоа се дезинформации и дека тие како левичари се подемократи од десницата и секогаш се што имаат кажуваат на дебати во очи, а не роварат позади грб. Тоа е отворена дебата, а власта шпекулира и дезинформира.

Ете за некаква тајна средба што сум ја имал јас со Дарко Каевски и некој други ке ви потврдам, дека да ,средба имавме и тоа случајна на пешачкиот премин кај улица Македоонија, се поздравиме како пријателски , другарски и толку беше. Од тоа некој медиуми измислија приказна дека се состануваме тајно договараме некакво преземање на партијата.

Точно е дека со председателот Филипче имав средба во четири очи како и со други колеги, како Славјанка Петровска и други од пратеничката група на СДСМ, но невистина е дека Филипче ни нудел позиции а ние сме одбиле. Филипче си има средби како што јас имам во пратеничка група, и заеднички и поединечни каде се договараат стратегии за седници , што е редовна работа.Власта прави измислици и шпекулира за да ремети со дезинформации.

Во однос на наводните понуди-одбивања Спасовски истакнува дека ниту имало такви понуди ниту имало одбивање, додавајки дека проблемот СДСМ се дигне после тешките порази не е толку во кадровски промени,едни да одат други да дојдат, туку дека се потребни суштински промени од корен, да ги отворат вратите за сите сопартијци кои од разни причини се пасивизирале и за нови луѓе кои сакаат да бидат дел од социјалдемократијата.

-Што е важно како ке се вика председателот и кој ке биде. Ние требе сериозно да се зафатиме и да ја вратиме СДСМ на вистинскиот пат, рече Спасовски.

Тој потврди дека барал да биде сменет од функцијата координатор на СДСМ но тоа било за предлогот на СДСМ за стратегија на црвени линии во спорот со Бугарија со усвојување на истата во парламенто, а тоа било предизброно а не по поразот од локалните избори. Тој бил против таков чекор од партијата, и повтори дека СДСМ на овие локално избори доживеала дно, и тој сака да ја зборуваат вистината за да навистина извлечат поуки. Смета дека на СДСМ и требаат и старите искусни кадри и задача на петседателот Филипче е да се обиде да ги убеди да се вратат, да се активираат заеднички и да се подготват во идните полтички битки со ВМРО ДПМНЕ. Секако, рече Спасовски, мислам на оние што се пасивизираа не за оние што отидоа во ВМРО ДПМНЕ и им помагаат ним.