
Француско претседателство: Рубио е првиот висок американски функционер кој учествува во „Коалицијата на подготвените“
На состанокот, што го копретседаваа францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер, лидерите одлучија да формираат работна група меѓу САД и земјите од коалицијата за „зајакнување“ на овие безбедносни гаранции, објавија британските медиуми.
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска учествуваше на видеоконференција на „Коалицијата на подготвените“ за повоените безбедносни гаранции за Украина, што е првпат висок американски функционер да го направи тоа, објави денеска француското претседателство.
На состанокот, што го копретседаваа францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер, лидерите одлучија да формираат работна група меѓу САД и земјите од коалицијата за „зајакнување“ на овие безбедносни гаранции, објавија британските медиуми.
По конференцијата, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека беше дискутирано за актуелните преговори за праведен и траен мир за Украина, и го поздрави фактот дека и американскиот државен секретар Марко Рубио учествуваше на конференцијата.
„Во последните неколку дена и часови видовме солиден и охрабрувачки напредок. Ни треба силна трансатлантска соработка. Бидејќи таа дава резултати“, изјави Фон дер Лајен, наведувајќи ги како пример координираните бранови санкции против руската економија.
На конференцијата на „Коалицијата на добронамерните“ присуствуваа европски лидери, вклучувајќи го францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер, украинскиот претседател Володимир Зеленски и други.
Зеленски рече дека Киев е подготвен да го прифати мировниот договор презентиран од САД, како и дека е подготвен да разговара со американскиот претседател Доналд Трамп за чувствителните точки од тој план.
Макрон и Стармер изразија подготвеност да подготват финансиска помош за Украина од замрзнати руски средства.