Лавров: Идеите на Трамп се добри, но мирот бара повеќе трпеливи потези
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во вторникот изјави дека иницијативата на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на војните е позитивна, но дека вистинското и долгорочно решение бара подлабок, попромислен и потрпелив пристап.

Зборувајќи за јавната организација Француско-руски дијалог во Москва, Лавров не сакаше да коментира за наводниот мировен предлог на Трамп за Украина, наведувајќи дека од Киев доаѓаат сосема спротивни реакции.
„Тешко е да се коментира за ваквите претпоставки. Сепак, јасно е дека сè уште го сметаме дипломатскиот пат за најпосакуван“, рече тој.
Лавров ја обвини американската надворешна политика дека се стреми кон глобална доминација.
„Сите гледаме како меѓународната трговија и инвестициите се претвораат во речиси целосен хаос“, рече тој.
Тој тврди дека Трамп „запрел“ осум конфликти, но дека станувало збор само за запирање на борбите, без да ги реши нивните вистински причини.
„Секако, желбата да се стави крај на крвопролевањето е пофална. Но, за траен мир, потребни се посериозни и долгорочни иницијативи“, нагласи Лавров.
Тој се осврна и на европскиот став кон Русија, нагласувајќи дека е контрадикторен.
„Како можете да се плашите од руската закана, а во исто време да тврдите дека не можеме ни да ја победиме Украина, додека Европа има многу пати поголемо население?“, праша тој.