
Вадефул: Одговорноста за постигнување мир во Украина сега е на Путин
„За да се постигне мир, тоа не зависи од никој друг освен од Путин. Тој ја започна оваа војна и сега мора да ја заврши. Ако сака мир, конечно мора да покаже подготвеност за преговори. Ние сме подготвени - Украина, Европа и САД. Путин сега мора да одлучи“, рече Вадефул на заедничката прес-конференција со својот јордански колега, пренесуваат британските медиуми.
Во тек се интензивни дипломатски напори за постигнување договор за прекин на војната во Украина, изјави денеска шефот на германската дипломатија Јохан Вадефул, нагласувајќи дека одговорноста за постигнување мир сега е на рускиот претседател Владимир Путин.
„За да се постигне мир, тоа не зависи од никој друг освен од Путин. Тој ја започна оваа војна и сега мора да ја заврши. Ако сака мир, конечно мора да покаже подготвеност за преговори. Ние сме подготвени – Украина, Европа и САД. Путин сега мора да одлучи“, рече Вадефул на заедничката прес-конференција со својот јордански колега, пренесуваат британските медиуми.
Тој рече дека „дипломатите работат напорно“ и потврди дека утре ќе се одржи неформален состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ.
Во меѓувреме, германскиот канцелар Фридрих Мерц имаше телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски за статусот на преговорите за мировниот план на САД по разговорите во Женева минатиот викенд, изјави портпарол на германската Влада.