
По новата алатка на ‘Икс’: Трамп-профили го сокрија македонското потекло
Профили што ја промовираат каузата на Доналд Трамп на социјалната мрежа „Икс“, а вчера јасно ја прикажуваа Македонија како земја на потекло, денес имаат изменети податоци. Дел од нив се целосно заклучени, што го оневозможува прегледот на претходните објави. Други, пак, преку ноќ ја заменија ознаката „потекло од Македонија“ со „потекло од Источна Европа“ или од други земји.
Профили што ја промовираат каузата на Доналд Трамп на социјалната мрежа „Икс“, а вчера јасно ја прикажуваа Македонија како земја на потекло, денес имаат изменети податоци. Дел од нив се целосно заклучени, што го оневозможува прегледот на претходните објави. Други, пак, преку ноќ ја заменија ознаката „потекло од Македонија“ со „потекло од Источна Европа“ или од други земји.
Повеќе потврдени профили што се претставуваат како поддржувачи на американскиот претседател Доналд Трамп, а се од Македонија и од други делови од светот, преку ноќ почнаа да ги менуваат своите кориснички имиња, додека, пак, други ги бришат претходните податоци или целосно се заклучуваат, откако новата функција на социјалната мрежа „Икс“ овозможи да се открие нивното вистинско потекло.
Опцијата „Абаут дис акаунт“ (About this account), која стана достапна глобално оваа недела, прикажува од каде е корисничкиот профил, од кој регион се поврзува, колку пати е сменето корисничкото име и каков е неговиот верификациски статус.
Некои од профилите, кои не потекнуваат од Америка, се веќе целосно заклучени, што ја спречува јавноста да ги види претходните објави.
Таков е примерот со профил кој има над 120.000 следбеници и функционира како фан-акаунт за Доналд Трамп. Неговиот пристап е ограничен токму во периодот кога се појавија критики за потеклото на профилот од страна на разни акаунти на „Икс“.
Фан-профилот на Ерик Трамп, еден од синовите на американскиот претседател, наместо „Македонија“ сега прикажува потекло „Источна Европа“, а и потврдениот профил со вести за Барон Трамп веќе не се води како македонски, туку, исто така, како профил од „Источна Европа“.
Некои протестираат, други, пак, се шегуваат
Корисници на „Икс“ даваат примери со повеќе акаунти кои се од Македонија и од други делови на светот, посочувајќи ги спорното потекло на профилите и неетичноста изненадувачки локации за одредени профили.
Корисниците реагираат со мешавина од шеги, а можеби и со сериозни коментари: „Тој е најпопуларниот маж во Македонија“, „Таму може да биде претседател доживотно“, „Поголем и од Александар Македонски!“, „Да ја направиме Македонија повторно голема“ – се само дел од реакциите што се шират на социјалните мрежи.