Мицкоски убеден дека ќе стигнеме први до ЕУ

Македонија беше првата земја од регионот што го операционализираше Инструментот за реформи и раст и првата што доби пред-финансирање согласно Планот, истакна во своето обраќање премиерот Мицкоски на самитот во Тирана наречен „Нашиот пат кон ЕУ“. Нашата порака е дека Македонија исполнува и сега очекуваме од нашите партнери правичен и меритократски пристап, истакна тој.

Македонија беше првата земја од регионот што го операционализираше Инструментот за реформи и раст и првата што доби пред-финансирање согласно Планот, истакна во своето обраќање премиерот Мицкоски на самитот во Тирана наречен „Нашиот пат кон ЕУ“. Нашата порака е дека Македонија исполнува и сега очекуваме од нашите партнери правичен и меритократски пристап, истакна тој.

„Не гледам повеќе суштина ако билатералните проблеми и билатералните спорови се тие кои што одлучуваат дали земјите треба да станат полноправни членки во рамките на ЕУ. За мене суштината која што ја гледам е испораката, реформите, чекорите кои што ги исполнуваат и се додека тоа е врз основа на системот на испорака, тогаш апсолутно ние како држава ќе бидеме компетитивни и убеден сум дека ние ќе бидеме тие кои што први ќе стигнат до конечната цел“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

На констатација на новинар дека бил доста директен со пораката дека испорачуваме реформи и бараме нашите партнери да не оценуваат според мерит системот, а не според билатералните прашања Мицкоски одговори:

„Доволно долго сме во овој процес, повеќе од 25 години, има 20 години откако сме земја кандидат и навистина тоа што ние го доживеавме попатно не би сакал никој друг да го доживее. Но, очигледно е дека кога еднаш ќе воспоставите некој исклучок како правило тоа станува правило и понатаму и другите земји членки можат да се повикаат на тој исклучок кој што претходно е воспоставен и да прерасне како правило. Така што навистина не гледам повеќе суштина ако билатералните проблеми и билатералните спорови се тие кои што одлучуваат дали земјите треба да станат полноправни членки во рамките на ЕУ. За мене суштината која што ја гледам е испораката, реформите, чекорите кои што ги исполнуваат. И се додека тоа е врз системот на испорака, тогаш апсолутно ние како држава ќе бидеме компетитивни и убеден сум дека ние ќе бидеме тие кои што први ќе стигнат до конечната цел“, изјави Мицкоски.

На прашањето дали има омекнување во ставовите на Европјаните, тој рече дека зависи во кој дел.

„ Па, зависи во кој дел. Јас повеќе сум концентриран овде на чекорите кои се дел од развојната агенда, односно развојниот план. Оние чекори кои што останаа во грејс период, а кои што претходно не беа испорачани, поради паузата за локалните избори, ние веднаш по завршувањето на локалните избори се фативме за работа и жестока испорака и до крајот на годината очекувам најмалку 8, а можеби и 10 од 12 неисполнети чекори да бидат реализирани. Остануваат два проблематични.

Првиот е субвенцијата за електричната енергија која што Владата преку своите механизми ја овозможува за граѓаните, бидејќи цениме дека доколку тоа не се случи, сметките за електрична енергија на граѓаните ќе се поскапат за најмалку 35, 40 проценти. И тој чекор рековме не можеме да го исполниме и нема да го исполниме во овој момент.

Вториот е адаптацијата на Изборниот законик. Знаете таму какви политички гимнастики се случуваат во парламентот и тој е еден од оние закони во кои што пратениците можат да прават филибастеринг во рамките на парламентот. Така што се останато, останатите десет за нас се реалност и мислам дека ќе успееме во рамките на крајот на оваа година или евентуално во првите две недели од следната година да го испорачаме тоа.

Обраќајќи се претходно на Самитот за Планот за раст насловен како „Нашиот пат кон ЕУ“ Мицкоски рече дека за Северна Македонија овој план е многу повеќе од иницијатива и е приказна за претворање на заложбата во вистинска промена.Мицкоски нагласи дека земјата е прва од регионот која го операционализирала Инструментот за реформи и раст и прва која добила предфинансирање согласно Планот. Ова, според него, е резултат на посветена работа и верба во европските вредности.

Премиерот ја претстави реформската агенда на Владата, која е одобрена од Европската комисија и за која рече дека се фокусира на добро владеење, чиста енергија, образование, развој на бизнисот и владеење на правото.Тој информираше дека досега се исплатени околу 24 милиони евра, комбинација од заеми и грантови, по двете поднесени барања за исплата, со што се поддржани реформи во дигиталните услуги, зајакнување на деловната клима и енергетската ефикасност.

„Продолжуваме со натамошни реформски чекори во сите сектори. Завршувањето на овие чекори ќе отклучи дополнителна поддршка од ЕУ во износ од над 134 милиони евра. Но, ова не се само бројки, ова се приказни за промена“, рече Мицкоски.

Мицкоски наброја и конкретни примери на интеграција и поврзување, како што се приклучување на Македонија кон единствената еврозона за плаќања (СЕПА), спроведување на проектот вај-фај за Западен Балкан (WiFi4WB) во 63 општини, како и изградба на национална антена на Фабриката за вештачка интелигенција за поврзување со европскиот екосистем за ВИ.

Премиерот се осврна и на модернизација на три гранични премини – „Деве Баир“, „Блаце“ и „Богородица“ во рамки на иницијативата Зелени ленти. Според Мицкоски, проекти во вредност од околу 1,1 милијарда евра се во тек преку Планот за раст, од кои над половина милијарда се ЕУ-грантови, насочени кон енергетска ефикасност и нови инвестиции во транспорт и железничка инфраструктура.

Европскиот дом ве чека, вие сте веќе дел од Европа, но само треба институционално да станете дел од Европската унија, порача на почетокот од своето обраќање на самитот еврокомесарката Марта Кос.

–Албанија Црна Гора и Македонија веќе имаат бенефити со поефтини трансакциски цени поради СЕПА. Вчера дискутиравме дека се 62 милиони евра годишно заштедите во Северна Македонија. Но, нашата амбиција е за сите вие да напредувате, не сакаме некој од вас да заостане. Бидејќи целиот Западен Балкан припаѓа во Европската унија како еднакви членки и нагласувам со целосни права, изјави Марта Кос, еврокомесар за проширување.