
Адем Чучуљ едногласно предложен за нов претседател на ДКСК
Членовите на Комисијата за изборите и именувањата едногласно го предложија Чучуљ кој имал највисок број на бодови, 96 од вкупно 100 за претседател на Антикорупциската комисија. Тој е правник со положен правосуден испит, кој 19 години работел во ДКСК и на интервјуто рече дека институцијата ја чувствува како „свој дом“.
Генералниот секретар на Државната комисија за спречување на корупцијата е предложен за нов претседател на Комисијата на местото на Татјана Димитровска која си даде оставка откако откако против нејзе беше покренато обвинение за оддавање на службена тајна и веќе е почнат судски процес.
Членовите на Комисијата за изборите и именувањата едногласно го предложија Чучуљ кој имал највисок број на бодови, 96 од вкупно 100 за претседател на Антикорупциската комисија. Тој е правник со положен правосуден испит, кој 19 години работел во ДКСК и на интервјуто рече дека институцијата ја чувствува како „свој дом“.
Предлог одлуката, како што рече претседателот, Ѓорѓи Сајкоски ќе биде доставена до Собранието, а пратениците на седница ќе треба да гласаат за предлогот.