Петра Дрекслер: Германија со загриженост ги следи реформите и односите во Македонија на патот кон ЕУ

Германската амбасадорка во Македонија, Петра Дрекслер вели дека е погрешен впечатокот што се остава во домашната јавност дека Македонија издвојува повеќе од Германија за правосудството. Ова таа го изјави во контекст на пораките на премиерот Христијан Мицкоски и барањето на македонското правосудство за поголем буџет и финансиска независност.

Германската амбасадорка во Македонија, Петра Дрекслер вели дека е погрешен впечатокот што се остава во домашната јавност дека Македонија издвојува повеќе од Германија за правосудството. Ова таа го изјави во контекст на пораките на премиерот Христијан Мицкоски и барањето на македонското правосудство за поголем буџет и финансиска независност.

„Впечатокот што изминативе денови можеби се појави кај некого во државата е дека Германија инвестира во правосудството помалку од С. Македонија. Тој впечаток е погрешен. Мора убаво да се погледнат бројките. Ако ги споредите податоците кои Европската комисија за ефикасноста на правосудството ги доби како резултат на испитувањето во 2022 г., ќе видите дека Германија уште во тоа време инвестирала во правосудството пет пати повеќе по глава на жител од С. Македонија“, рече германската амбасадорка во изјава за „360 степени“.

Таа нагласила дека ЕУ може да прими само нови членки кои континуирано работат на тоа владеењето на правото да биде загарантирано.

Вчера Мицкоски, одговарајќи на прашања од новинарите денес, рече дека е прифатливо да се издвојуваат 0,35 проценти од БДП за судии и обвинители. Тој рече дека како држава, ние сме издвоиле повеќе од 75 проценти од земјите-членки на ЕУ за правниот систем.

„Детално го проучувам овој случај во овој период, вклучувајќи го и делот со буџетот наменет за судството и Обвинителството. Дури и Венецијанската комисија има забелешки на тој член каде што практично е дефиниран судскиот буџет. Пред неколку дена дадов поопфатна анализа на состојбата во финансирањето на правниот систем во Европа. И од оваа анализа, направена и финансирана од европската институција – односно Советот на Европа, за податоците од 2022 година, објавени во 2024 година, дојдовме до заклучок дека ние како држава издвојуваме пари од буџетот за судскиот систем повеќе од 75 проценти од земјите-членки на ЕУ. Ние издвојуваме 0,39 проценти од нашиот БДП од 2022 година, сега замислете во 2023 и 2024 година БДП се зголемил повеќе отколку во 2022 година. Франција е 0,2 проценти, додека Германија 0,3 од БДП. Европскиот просек е 0,3“, кажа премиерот.