Годишен симпозиум на Меѓународното здружение на ликовни критичари – AICA Македонија

Меѓународното здружение на ликовни критичари - AICA Македонија денеска од 17 часот во Музејот на современа уметност – Скопје ќе одржи годишен симпозиум и дискусија на тема: „Архивирањето како изведување на критичка пракса“.

Меѓународното здружение на ликовни критичари – AICA Македонија денеска од 17 часот во Музејот на современа уметност – Скопје ќе одржи годишен симпозиум и дискусија на тема: „Архивирањето како изведување на критичка пракса“.

Говорници на дискусијата ќе бидат Зоран Петровски, Слободанка Стевчевска (OПA), Владимир Јанчевски. AICA Македонија соопшти дека дискусијата ќе се фокусира на тоа како архивите, меѓу кои и музејските колекции, кога се активираат преку уметнички, активистички и кураторски процеси, можат да воспостават нови системи на вредности, солидарност и сеќавање.

-Потпирајќи се на согледувањето на Чарлс Меруедер за архивата како модерен апарат преку кој се пишува историјата и се воспоставува авторитет, панелот ќе истражи како уметничките практики и независните иницијативи го оспоруваат овој авторитет преку повторно читање и преосмислување на архивата – како простор за создавање нови односи, колективни процеси и нови контексти на значење. Архивата ќе биде разгледувана како жив, критички и трансформативен простор, место каде што личните приказни се среќаваат со колективното сеќавање и стануваат поле за отпор, дијалог и заедничка продукција на знаење, соопшти AICA Македонија.

Во рамки на настанот ќе бидат доделени наградите „Ладислав Баришиќ“  – за истажувачки проект и „Борис Петковски“ во три категории – за трајни вредности, за кураторски текст и за истражувачки текст, и ќе биде промовирано изданието „Присуство: Истражувачки текстови на добитниците на наградата ‘Ладислав Баришиќ’“.