Малиновски за случајот „Пулс“: Да се каже дека сите имале умисла тешко ќе биде докажано

Според него, квалификацијата дека обвинетите делувале со умисла е речиси недржлива и тешко дека може да се докаже.

Адвокатот Драган Малиновски смета дека обвинението за кривичното дело во предметo „Пулс“ е поставено на многу нестабилни правни основи.

Според него, квалификацијата дека обвинетите делувале со умисла е речиси недржлива и тешко дека може да се докаже.

„Знаете, во принцип ова кривично дело е дискутабилно од аспект на умислата. Обично се води како дело сторено од небрежност. Како што јас го гледам случајот, умислата би била исклучок“ објаснува Малиновски на ТВ Телма.

Според Малиновски, ваквото квалификување на делото може да доведе до исклучително високи казни, што дополнително го отвора прашањето за правичноста и правната одржливост на обвинението.

„Страшно е ако за вакво дело, со ваква последица, умислата може да предизвика казна што оди над дозволениот максимум од 20 години“, додава тој.